Влада

Aндоновски: Во првата година од мандатот успеавме да ги поставиме темелите на дигиталната трансформација

24.06.2025 18:57

„Прво што се зафативме да работиме е реформската агенда и да покажеме на дело, дека можеме да ја испорачаме домашната задача. Со донесувањето на четирите закони кои произлегоа од министерството за дигитална трансформација, ние успеавме да ослободиме 19 милиони евра од ЕУ, од коишто повеќе од 5 милиони евра се дел од грант“, изјави Андоновски...

„Прво што се зафативме да работиме е реформската агенда и да покажеме на дело, дека можеме да ја испорачаме домашната задача. Со донесувањето на четирите закони кои произлегоа од министерството за дигитална трансформација, ние успеавме да ослободиме 19 милиони евра од ЕУ, од коишто повеќе од 5 милиони евра се дел од грант“, изјави Андоновски.

Тој додаде дека сме биле единствена држава од регионот којашто немала Закон за сајбер безбедност, и дека сега го добиваме за прв пат. Во однос на она што е досега направено, истакна дека се преземени конкретни чекори и постигнат е значаен исчекор во дигиталната трансформација.

„120 нови електронски услуги и редизајниран национален портал, отворање на центри за услуги поблиску до граѓаните за да се доближиме и погодностите ги чувствува секој граѓанин од дигитализацијата, приклучени над 20 нови институции на платформата за интероперабилност и секој документ од националниот портал е валиден исто како и хартиените документи. Ова се темелите на дигиталната трансформација“, нагласи Андоновски.

Андоновски говореше за горливиот проблем со кој се соочуваат граѓаните, а тоа се нелегалните игри на среќа кои сега веќе се доведуваат во ред, и оние кои се спротивни на Законите, се забрануваат со цел да се заштитат граѓаните од сајбер напади.

„Со одлука на Влада, можеби порадикална, но сепак ги забранивме нелегалните игри на среќа. Со последната одлука, повеќе од 220 страници се забранети и ќе продолжиме во оваа насока, затоа што граѓаните, особено младите треба да бидат заштитени на интернет“, рече Андоновски и додаде. „Прво ја изработивме националната стратегија за сајбер безбедност кон крајот на 2024 година и потоа веднаш пристапивме кон донесување на првиот Закон за сајбер безбедност, којшто е целосно усогласен со европската регулатива и барањата на нашите НАТО партнери“.