МВР успешно спречи криумчарење на мигранти

17.08.2014 18:17

Патешествието кон подобар живот на 15 Сиријци, двајца Нигеријци и Иранци и еден Палестинец завршило во Македонија. Идејата им била од Грција преку Македонија стабилниот социјален статус да го најдат во некоја западно европска земја, но македонската полиција ги спречила.

Кривични пријави се поднесени против три лица од Скопје кои ги превезувале мигрантите, по двајца сеуште се трага. Еден од уапсените криумчари е момче на 16 годишна возраст.

„Едно од возилате е сопрено и истото било управувано од 16 годишно лице од Скопје, при што кај него се најдени четири илегални мигранти. Пријавениот појаснил дека со лица од Србија по претходен договор за сума од 500 евра, која требало доплнително да му биде исплатена, требало да ги превезе илегалните мигранти од граничниот премин до Скопје“, рече Марија Јаковлевска од МВР.

20 годишен скопјанец избегал, но подоцна е уапсен, тој превезувал 5 мина мигранти. Во петтиот по ред регистриран случај од почетокот на месецов, возач на камион и автомобил нанаместо да застанат на полициската контрола се дале во бегство напуштајќи ги возилата. Во камионот биле откриени 11- мина Сиријци. Сите мигранти се сместени во прифатниот центар во Скопје и ним им се извршени лекарски прегледи.

Македонија останува рута за криумчарење на мигранти, само во првите три месеци од годинава 40 криумчари се уапсени, а 144 мигранти завршиле во прифатниот центар во Скопје.

Миле А. Ристевски