Влада

Законот за правична застапеност пред Венециската комисија, па во Собрание

24.06.2025 17:02

Предлог-законот за правична застапеност помина на Влада. Прво ќе оди во Венециската комисија, а потоа во Собрание. Координативно тело ќе го следи процесот на вработувања во администрацијата …

Владата го усвои Предлог-законот за правична застапеност. Тој има цел да создаде јавна администрација која ќе биде сервис на сите граѓани, администрација заснована на знаење и квалитет, рече премиерот.

Законот за правична застапеност ќе оди прво пред Венециската комисија, а потоа во Собрание пред пратениците, кога ќе се интервенира и со подзаконски акти.

Надлежните тврдат дека по укинувањето на балансерот, вработувањата ќе бидат врз база на компетентност, квалитет и професионалност.

Синдикатите бараат повисоки плати за службениците. Од УПОЗ предупредија и дека во правосудството нема зголемување на примањата.

Од Владата се сигурни дека новите законски решенија ќе бидат пресвртница во реформата на јавната администрација.

Борис Грујоски