Кривичен суд

Денеска пресуда за двојното убиство

25.06.2025 08:28

Денеска треба да биде изречна пресудата за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски. Во завршните зборови обвинителството побара судот да им пресуди доживотен затвор на четворицата обвинети за убиствата, а на таткото да му пресуди соодветна затворска казна...

Во Кривичниот суд Скопје денеска треба да биде изречна пресудата за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски. Во завршните зборови обвинителството побара судот да им пресуди доживотен затвор на четворицата обвинети за убиствата, а на таткото да му пресуди соодветна затворска казна.

Бранителите побараа ослободителни пресуди за обвинетите. Според обвинението, првоосомничениот Љупчо Палевски, заедно со Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Александар Ѓорчевски испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде пари за откуп.

Грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес, било со намера да го присилат да им го даде неговото возило за грабнувањето на Вања.

Малолетната Вања и велешанецот Панче беа пријавени за исчезнати на 27-ми и 24-ти ноември, а на 3-ти декември 2023-та година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и на Велес.