Трамп: Нуклеарните централи во Иран се уништени
Претседателот на САД, инсистира дека нуклеарните централи во Иран се целосно уништени од американските напади, и покрај тоа што разузнавачката проценка фрла сомнеж врз нивниот успех...

Претседателот на САД, инсистира дека нуклеарните централи во Иран се целосно уништени од американските напади, и покрај тоа што разузнавачката проценка фрла сомнеж врз нивниот успех. Иранците се одлична трговска нација и имаат многу нафта. Иран нема да имаа збогатување на ураниум ниту нуклеарно оружје, дециден американскиот претседател по прекинот на огнот меѓу Тел Авив и Техеран.
„Она што го нарекувам Трампова доктрина е доста едноставно. Прво, вие артикулирате јасен американски интерес, во овој случај, дека Иран не може да има нуклеарно оружје. Второ, се обидувате агресивно, дипломатски да го решите тој проблем. И трето, кога не можете да го решите дипломатски, користите огромна воена моќ за да го решите, а потоа бегате оттаму пред да стане долготраен конфликт. Тоа е Трамповата доктрина“, изјави Џејмс Давид Венс, потпретседател на САД.
Иранскиот претседател Пезешкијан порача дека сите заслуги за историската победа му припаѓаат на Иран и се резултат на непоколебливоста, единството и отпорноста на иранскиот народ. Амбасадорот на Иран во Обединетите нации ги нарече нападите на САД и Израел врз нуклеарните постројки неодговорни. Војната на Израел против Иран ја уништи нуклеарната програма на Техеран, уверува израелскиот премиер Нетанјаху.
