Украина

Зеленски побара зајакнување на одбраната

25.06.2025 09:20

Украинскиот претседател Зеленски побара итна помош од НАТО за зајакнување на воздушната одбрана, предупредувајќи дека плановите на Путин ја загрозуваат безбедноста на целиот сојуз. Холандија најави воена помош за Украина во вредност од 175 милиони евра...

На Самитот во Хаг, украинскиот претседател Зеленски побара итна помош од НАТО за зајакнување на воздушната одбрана, предупредувајќи дека плановите на Путин ја загрозуваат безбедноста на целиот сојуз. Холандија најави воена помош за Украина во вредност од 175 милиони евра.

Од друга страна, портпаролот на Кремљ, Песков, го обвини НАТО дека намерно ја прикажува Русија како чудовиште за да оправда зголемување на воениот буџет, нагласувајќи дека Европа се движи кон неограничено вооружување. Нападите на фронтот продолжија.

Вчера најмалку 15 лица загинаа, а повеќе од 150 се повредени во руски ракетен бараж врз регионот Днепар.