Влада

Кампања за купување домашни земјоделски производи

25.06.2025 19:52

Земјоделците од струмичко ја поздравија идејата да се реализира кампања „Купувајте домашни земјоделски производи“. Како што кажаа пласманот и откупот за нив е најголемиот проблем а кога ќе се зголеми потрошувачката ќе имаат мотив и за поголемо домашно производство...

„Купувај домашни земјоделски производи“. Ваква кампања ќе реализира Владата во наредниот период со цел да се стимулира потрошувачката на домашен зеленчук и овошје, но и да се промовира домашното производство. Земјоделците од струмичко ја поздравија кампањата.

Кампањата ја поздравија и граѓаните. Според нив мора да се знае потеклото на земјоделските производи како на пазарите така и по маркетите. Место увезен да купуваат домашен зеленчук или овошје.

Целта на кампања на Владата и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е да се промовира и зголеми домашното земјоделско производство, но и да се поттикнат земјоделците да се вратат на полињата.

 

Ване Трајков