Фудбал – Првенство на Македонија 3 коло

Вардар триумфално и низ Штип!

17.08.2014 20:28

Без нерешено во третото коло од првата Македонска фудбалска лига. И во единаесетото првенствено гостување во Штип, Вардар не загуби од Брегалница, напротив славеше со 2:1. Велковски им донесе водство на домаќините во 14, Ерменецот Хамбарѕумјан израмни во 18-та минута, додека во судиското надополнување Петковски им ја обезбеди третата победа и максималниот ефект на црвено – црните. Таневски од Вардар во 49-та и Стојанов од брегалница во 76-та минута добија црвени картони.

Металург триумфираше во Битола против Шелистер со 1:0 со голот на тантуровски во 45 минута.. Шкендија со пресврт го совлада Турново со 5:2. Домачините први поведоа со погодокот на Алими, но турновци го добија првото полувреме со 2:1 со головите на Ѓоргиев и на Кочовски. Силекс дома беше подобар од Ренова со 1:0. За триумфот погоди Јанев во 47-та минута. Вчера, шампионот Работнички го совлада Тетекс со 3:1.

Вардар е прв со 9 бода, Металург и Силекс имаат по 7, со тоа што екипата од Железарница постигна погодок повеќе. Шкендија е четврта со 6, Ренова имаа 4, Брегалница, Пелистер и Работнички собраа по 3, Тетекс има 1, последнопласираниот Турново е сеуште без бодови.