Топлото време бара наводнување

18.08.2014 10:08

Временските услови не им се погодени на сите земјоделци. Сега врнежи им се потребни на овоштарите и на производителите на пченка. Неделава пак, сувото време и сонцето ќе биде идеално за лозарите...

Тeмпературите од денеска повторно почнуваат да се зголемуваат, прогнозираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ова ќе биде добредојдено за лозарите кои во врнежлививиот период не можеа да влезат во насадите.

Според агрометеоролашката препорака,топлотниот бран ќе предизвикува шок кај културите, со зголемено испарување од растенијата и со намалено количество на влага во почвата.

Водата која е неопходна особено кај овошните култури и пченката во овој период од развојот е потребно да се  надополни со наводнување.

Сувото време ќе овозможи непречена берба на десертното грозје како и другите овошки кои зреат во овој период.

 

Методија Трајков