Политика

Европскиот фронт против Законот за правична застапеност, СДСМ не открива како ќе се позиционира

25.06.2025 17:12

Законот за правична застапеност пред Венециската комисија. Власта уверува дека секој пратеник ќе има можност да се вгради во финалното решение за да биде функционално. Европскиот фронт не планира да даде поддршка, СДСМ засега не открива како ќе се позиционира …

Законот за правична застапеност ја разбранува политичката сцена. Власта уверува – кога решението ќе се врати од Венециската комисија ќе има јавна расправа и ќе влезе во собраниска процедура. Секој пратеник ќе може да придонесе за функционално решение, со кое треба да се реши прашање кое требало да биде затворено пред две децении.

И додека Меџити тврди дека нема да се загрози албанскиот јазик, опозицијата критикува – Законот е нетранспарентен и не решава ништо, а се носи само за да се прикажат резултати пред локалните избори.

СДСМ не открива како ќе се позиционира.

Премиерот Мицкоски побара прашањето да не се политизира, зашто целта на новиот закон е да биде применлив и да обезбеди професионализам во администрацијата.

Ана Јосифоска