200 милиони евра инвестиции во здравството
Договорот со Британците треба да донесе инвестиции во здравството од 200 милиони евра. Се бараат финансиери за проектите за болниците во Штип, Кичево и во Тетово, како и за новиот Медицински факултет. Втората фаза го опфаќа и долгонајавуваниот нов Клинички центар во Скопје …

Повеќе од 200 милиони евра ќе се инвестираат за изградба, доградба и реновирање на здравствени установи, кои пациентите од внатрешноста ги чекаат со децении.
За да почне да се гради и реновира, министерството ќе треба да има јасна визија ставена на хартија и да бара пари.
На Детската клиника реновирани оддели, набавена и нова опрема. Министерот за здравство најави отворен ден за средба со граѓаните.
Проблемот со паркингот на Клинички центар останува предизвик, дел од лекарите задоволни, дел не од опцијата да паркираат кај хотелот подолу, а не во комплексот за да се ослободат места за пациентите.
Наташа Јанчиќ-Менковски
