Временска прогноза

Сончево и многу топло, со температури до 41 степен

26.06.2025 08:19

Сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност е прогнозата за денеска од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во попладневните часови се очекува појава на изолирана нестабилност, а ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец...

Сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност е прогнозата за денеска од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во попладневните часови се очекува појава на изолирана нестабилност, а ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе биде од 10 до 20 Целзиусови степени, а дневната од 30 до 41 степен.

Во Скопје, денеска се очекува сончево и многу топло време со слаб ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од 20 степени наутро до 41 во текот на денот.

И за утре синоптичарите најавуваат сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Попладне и во вечерните часови на некои места ќе има појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, кои локално ќе бидат во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на град.

Температурата утре ќе се движи од 31 до 39 степени.

Вредноста на УВ-индексот денеска и утре ќе биде 9.

Пад на температурите за неколку степени се очекува во деновите од викендот кога ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

од Управата за хидрометеоролошки работи за повисоки максимални дневни температури од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) апелираат за засилено почитување на мерките за заштита на здравјето на општата популација, со посебен акцент на ранливите групи на население во услови на високи амбиентални температури.