Руте: Целосно сме посветени на поддршката за Киев во борбата против руската инвазија
За време на самитот на НАТО членките на Алијансата се согласија да издвојат пет проценти од своите национални буџети за одбраната. Истакната и поддршката за Украина која беше една од темите што се дискутираше во Хаг.

Целосно сме посветени на поддршката за Киев во борбата против руската инвазија, изјави генералниот секретар на НАТО, Руте. На маргините средба Зеленски-Трамп.
Шефот на Белата куќа нагласи дека зголемените европски инвестиции во одбраната ќе спречат ново украинско сценарио. Трамп најави дека наскоро ќе разговара со Путин и дека наскоро ќе го реши конфликтот меѓу Киев и Москва. Директните преговори мора да продолжат-нагласуваат од Русија. Во истовреме, Зеленски потпиша договор со Советот на Европа за формирање на Специјален трибунал за злосторства против Русија.
„Ова е навистина важен чекор. Денес го започнуваме процесот на создавање трибунал за да ја судиме Русија за агресија против Украина. Овој злостор мора да биде јасно и темелно оценет. На светот му е потребна чесна, историска пресуда, така што секој што е одговорен за оваа војна мора да одговара“, изјави Володомир Зеленски, претседател на Украина.