Најмалку осум луѓе загинаа по големите протести против полициската бруталност во Кенија
Протестите кои првично беа организирани за да се одбележи годишнината од ланските антивладини демонстрации, во кои загинаа 60 лица, а 20 сè уште се водат за исчезнати, се проширија во 23 од вкупно 47 окрузи во земјата и прераснаа во барање за оставка на претседателот поради лошото владеење...

Најмалку осум луѓе загинаа по големите протести против полициската бруталност и лошото управување во Кенија. Протестите кои првично беа организирани за да се одбележи годишнината од ланските антивладини демонстрации, во кои загинаа 60 лица, а 20 сè уште се водат за исчезнати, се проширија во 23 од вкупно 47 окрузи во земјата и прераснаа во барање за оставка на претседателот поради лошото владеење.
Илјадници демонстранти во Најроби се судрија со полицијата, која употреби солзавец и гумени куршуми и пендреци за да ја растера толпата. Над 400 луѓе се повредени, вклучително и со прострелни рани, а повеќе од 60 демонстранти се уапсени.
„Доста е, ние сме народ, а не дрва. Тука сме за промени, крвта што ја пролеваме е доволна“, рече Севелина Мвихаки, демонстрант.
„Тие се вмешани во вонсудски убиства, вклучени во присилни исчезнувања. Видовме мртви луѓе, затоа ова мора да заврши. Не се плашиме да го кажеме тоа, го кажуваме смело и храбро, полициската бруталност мора да заврши и претседателот Руто мора да си замине“, вели Роуз Муруги, демонстрант.
