Македонија

Тркалезна маса во МАНУ „Геополитичкиот пејзаж и проширувањето на ЕУ“

26.06.2025 09:19

Оваа тркалезна маса, информираат од Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при МАНУ, ќе биде значаен форум за унапредување на значајни дискусии за перспективите на Северна Македонија и другите земји-кандидатки во рамките на проширувањето на ЕУ.

Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при Македонската академија на науките и уметностите, ЕЦПД Регионалниот институт за развојни студии (РИДС) Скопје при Универзитетот за мир основан од ООН и Дипломатскиот клуб – Скопје денеска во МАНУ организираат тркалезна маса на тема „Геополитичкиот пејзаж и проширувањето на ЕУ: Перспективи за Северна Македонија и другите земји-кандидатки од Западен Балкан“.

Оваа тркалезна маса, информираат од Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при МАНУ, ќе биде значаен форум за унапредување на значајни дискусии за перспективите на Северна Македонија и другите земји-кандидатки во рамките на проширувањето на ЕУ.

Воведни и поздравни обраќања на настанот ќе имаат академик Таки Фити, раководител на Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при МАНУ, Орхан Муртезани, министер за европски прашања, амбасадорот во пензија Јован Теговски, претседател на Дипломатскиот клуб – Скопје, Никола Поповски, декан на ЕЦПД РИДС Скопје при Универзитетот за мир основан од ООН.

Tркалезната маса има за цел да се осврне на моменталната геополитичка клима и начинот на кој таа ја обликува политиката на проширување на ЕУ.