Македонија

Африканскиот топлотен бран го достигнува својот максимум

26.06.2025 11:25

Денеска се очекува живата во термометарот да се искачи до 41-от степен, а УВ зрачењето ќе биде на највисоко ниво...

Африканскиот топлотен бран кој неделава ја зафати земјава, го достигнува својот максимум. Денеска се очекува живата во термометарот да се искачи до 41-от степен, а УВ зрачењето ќе биде на највисоко ниво.

На сила се сè уште препораките од лекарите да се избегнува излегување на отворено во критичниот период од 10 до 17 часот, да се пијат повеќе течности и да се внесува лесна храна, редовно да се користи крем со заштитен фактор.

За утре метеоролозите најавуваат нестабилно време со врнежи и пад на температурата за неколку степени.