одбојка

Балканското првенство во одбојка на песок У22 во Тетово

26.06.2025 09:42

Во Тетово свечено беше отворен Балканскиот шампионат во одбојка на песок (У22) што се одржува со поддршка од Министерството за спорт, во организација на Одбојкарската федерација на Македонија во соработка со Општина Тетово...

Вчера во Тетово свечено беше отворен Балканскиот шампионат во одбојка на песок (У22) што се одржува со поддршка од Министерството за спорт, во организација на Одбојкарската федерација на Македонија во соработка со Општина Тетово.

На свеченото отворањето на овој голем спортски настан присуствуваа: министерот за спорт Борко Ристовски, заменичката на министерот за спорт, Сафије Садики Шаини, првиот заменик на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, градоначалникот на Тетово, Биљал Касами како и претседателот на Одбојкарската федерација на Македонија, Петар Јовановски.

На Балканскиот шампионат У22 во Тетово ќе настапат осум селекции во машка и седум во женска конкуренција од шест земји учеснички – Македонија, Албанија, Косово, Романија, Молдавија и Турција. По две екипи во машка конкуренција ќе имаат Молдавија и Турција која ќе настапи со две екипи и во женска конкуренција.