УХМР: Утре во попладневните часови локално невереме со пороен дожд и грмежи
Утре ќе се задржи многу топло време. Во попладневните и вечерните часови наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на град...
Утре времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Како што најави УХМР, утре попладне и во вечерните часови наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, грмежи и појава на град.
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб ветер од северен правец. Попладне и во вечерните часови во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, краткотрајно во форма на невреме.
Во деновите од викендот ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневните температури ќе опаднат за 5-7 степени во споредба со денешните. Од понеделник дневните температури повторно ќе бидат во постепен пораст.
