Регион
19-годишно момче од Македонија го загуби животот во Грција
26.06.2025 12:59
Од МНР велат дека конзулатот е во редовна комуникација со семејството на починатото лице, за транспорт на телото.

19-годишно момче, македонски државјанин го загуби животот во Грција, а причината била срцев удар додека бил во вода. Спасувачи веднаш го извлекле надвор, но не успеале да го оживеат.
Од МНР велат дека конзулатот е во редовна комуникација со семејството на починатото лице, за транспорт на телото.
Грчките медиуми пренесуваат дека настанот се случил вчера попладне на плажата во Ханиоти, општина Касандра, кога во бессознание од морето е извлечен 19-годишен македонски државјанин.
