Арсовска обвинува за криминал во Чаир
Како што посочи градоначалничката Арсовска, не станува збор за тераси или гаражи, туку за цели згради изградени спротивно на закон чија изградба, само на еден објект чинела над еден милион евра, а основните давачки како комуналии се над 1,5 милиони евра.

До Јавното обвинителство, нови документи достави градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. Се работи за 20 предмети во кои тврди дека има криминал.
Како што посочи градоначалничката Арсовска, не станува збор за тераси или гаражи, туку за цели згради изградени спротивно на закон чија изградба, само на еден објект чинела над еден милион евра, а основните давачки како комуналии се над 1,5 милиони евра.
Според Арсовска, во Општина Чаир има над 150 вакви згради по 12 ката без дозволи и проекти со кои буџетот на граѓаните е оштетен за 225 милиони евра, криминал, за кој како што нагласи знаел или требале да знаат градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу и неговите соработници.
Известува Борис Грујоски
