Армијата на Република Македонија oдбележува 22 години од основањето
Центалната свеченост по повод Денот на армијата ќе се одржи попладне во Центарот за обука на вода во Охрид со директен пренос на Mакедонската телевизија...

Денска е 18 август, Денот на армијата на Република Македонија. По повод празникот, министерот за одбрана Зоран Јолевски во честитката до војниците и граѓаните порача: „Вашето несебично залагање и посветеност кон работата, придонесуваат за унапредување на мирот и безбедноста на сите граѓани. Јас верувам во вашите капацитети да придонесете кон просперитетна, силна и мирољубива Република Македонија.“
Центалната свеченост по повод Денот на армијата ќе се одржи попладне во Центарот за обука на вода во Охрид со директен пренос на Mакедонската телевизија.
На свеченоста најавено е присуство на претседателот и врховен командант Ѓорге Иванов, претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, министерот за одбрана Зоран Јолевски, началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, министри, пратеници, поранешни министри за одбрана и началници на ГШ на АРМ, пензионирани генерали на АРМ, високи гости од повеќе институции во Република Македонија, претставници на дипломатскиот кор и воените аташеа акредитирани во земјата.
Вчера во чест на празникот, Единицата на артилерискиот баталјон на АРМ изврши почесна артилериска стрелба.
