Собрание

Евроинтеграциите во фокус на пратеничките прашања

26.06.2025 15:07

Стартот на преговорите и можните амандмани на европратениците на извештајот за земјава во фокусот на интересот на денешните пратенички прашања во парламентот...

Стартот на преговорите и можните амандмани на европратениците на извештајот за земјава во фокусот на интересот на денешните пратенички прашања во парламентот. Лидерот на опозициската СДСМ, Филипче го праша премиерот Мицкоски дали во овој мандат државата ќе седне на преговарачка маса со Унијата?

Премиерот возврати дека ризикот е поради лошиот Француски договор, кој овозможува секакви модификации како последниот обид во извештајот за земјата да се внесе „модерен македонски јазик“.

Пратениците прашуваа и за балансерот, за нови законски решенија, за Македонски железници, парите од унгарскиот кредит, состојби во здравствениот систем … Претставниците на власта, пак, потсетуваа на случајот „Онкологија“ и други клиники каде состојбите се лоши и затоа се пристапува кон реновирање.

Фиљана Кока