Владата планира нови мерки кои ќе го намалат ударот врз домашниот буџет
Малопродажните цени во маркетите сè уште под лупа на инспекторите. Но, сепак тоа не е доволно. Владата планира нови мерки кои ќе го намалат ударот врз домашниот буџет...

Новата методологија за пресметка на потрошувачката кошничка ќе се пресметува за четиричлено семејство, а не за тричлено како што беше најавено. Ќе биде презентирана на првиот Социо-економски совет. Засилени се инспекциските контроли на Пазарниот инспекторат за цените во маркетите со цел да ги заштити граѓаните од ценовен шок. Решението е во долгорочни мерки, па министерот најавува мерки за зголемување на домашното производство, со цел да се намали увозната зависност од 80 насто. Најавува означување на производите во маркетите од домашно и странско потекло.
Зголемувањето на цените го потврдуваат и последните податоци на државната статистика дека инфлацијата во мај била повисока за 1,5 насто, во однос на претходниот месец. Најголеми отстапки има кај храната и безалкохолните пијалаци.
„Зголемувањето на инфлацијата во мај 2025 година, во однос на април 2025 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: Храна и безалкохолни пијалаци за 4.1%, Разновидни стоки и услуги за 1.5%, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0.8%, Облека и обувки за 0.5%, Рекреација и култура за 0.4%, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0.3%, Домување, вода, електрика, гас и други горива и Здравје за 0.1%“, стои во извештајот на ДЗС.
При отчетот на сработеното изминатава година, министерот Дурмиши најави четири нови инвестиции во индустриските зони. Го истакна зголемувањето на минималната плата од 2.000 денари. Скалестото ограничување на цените на 1.000 производи. Со цел да се задржат младите дома потсети и на актуелната мерка за самовработување за која се пријавиле над 6.000 лица на четири огласи.
Александра Велинова
