Правосудство

Случајот „Адитив“ во судница во Идризово

26.06.2025 18:16

Судењето за случајот „Адитив“ почна во салата во Идризово. 37 обвинети седнаа на обвинителна клупа за криминал од 6,5 милиони евра во државната ЕСМ. Сите се товарат дека биле направени проневери за набавка на адитиви за термоелектраните Битола, Осломеј и Неготино.

Нема ниту еден доказ кој имплицира дека Васко Ковачевски несовесно работел. Ова го изјави во воведен говор неговата адвокатка која рече дека доказите се на негова страна. Одбраната тврди дека поранешниот директор на ЕСМ кој е во бегство немал ингеренции самостојно да носи одлуки за годишните инвестициски програми и за јавните набавки, бидејќи за тоа бил надлежен управниот одбор.

И останатиот дел од обвинетите кои на рочиштето дадоа воведен збор, тврдат дека не се огрешиле пред законот.

Случајот опфаќа 31 обвинет, а постапка се води и за 5 фирми. Се товарат за незаконита набавка на адитиви за потребите на РЕК Битола и Осломеј и за ТЕЦ Неготино.

 Штетата брз Буџетот обвинителството ја процени на 6,5 милиони евра.

 

Анита Димитријевска – Велковска