Примените вакцини во странство не се признаваат
Вакцинираните деца во странски земји не се признаваат во македонското здравство. За упис во училиште или градинка мора да има печат и потпис од домашните доктори. Државниот санитарен инспекторат ги чешла документите во сите згрижувачки установи...

Потврда за примена вакцина во соседството не може да се внесе во картонот за имунизација на детето. Родители бараат, но надлежните не дозволуваат. Првиот човек на Државниот санитарен и здравствен инспекторат Лазов е дециден, ваквите барања се одбиваат, се евидентира само вакцина што е примена во државата. Без оглед дали децата се згрижени во јавна или приватна градинка календарот за имунизација мора да се запази.
Докторката Цилевска-Младеновска, вели надлежните наложиле поригорозни мерки за намалување на злоупотреби, не може да се пополни графата, а вакцината да не биде аплицирана.
И покрај сите информации и дезинформации семејството Манасиеви, ги разјаснува дилемите директно со лекарите. Во пункт во поликлиниката „Букурешт“ за имунизација ги донесоа двегодишната Јана и двомесечниот Матео.
За разлика од Симона која редовно ги вакцинира своите деца, голем е бројот на родители кои ја одбиваат или ја одложуваат МРП вакцината.
Наташа Јанчиќ - Менковски
