30 милиони долари помош за Палестинците
Стејт департментот потврди дека одобрил 30 милиони долари за приватната организација која обезбедува хуманитарна помош за Палестинците...

Стејт департментот потврди дека одобрил 30 милиони долари за приватната организација која обезбедува хуманитарна помош за Палестинците во Газа.
„Одобривме финансирање од 30 милиони долари за Хуманитарната фондација Газа и ги повикуваме другите земји да ја поддржат. Од првиот ден, рековме дека сме отворени за креативни решенија кои безбедно обезбедуваат помош за оние во Газа и го штитат Израел. Поддршката е едноставно најновата верзија на стремежот на претседателот Трамп и секретарот Рубио за мир во регионот“, изјави Томи Пигот, заменик-портпарол на Стејт Департмент.
Во извештајот на ЕУ за состојбата со човековите права во Газа се наведува блокадата на хуманитарната помош од страна на Израел, големиот број цивилни жртви, нападите врз новинари и масовното раселување и уништување во контекст на војната.
