Украина

ЕУ без договор за Киев, Зеленски бара санкции

27.06.2025 10:54

Во текстот што е усвоен се истакнува дека Европскиот совет разменил мислења со украинскиот претседател и ќе се врати на оваа тема на следниот состанок. Зеленски пак одново побара санкции за Москва...

Лидерите на земјите членки на Европската Унија не успеаја да постигнат договор околу предложените заклучоци за Украина. Во текстот што е усвоен се истакнува дека Европскиот совет разменил мислења со украинскиот претседател и ќе се врати на оваа тема на следниот состанок. Зеленски пак одново побара санкции за Москва.

„Санкциите против Русија остануваат една од најефикасните алатки за ограничување на нејзината агресија. Она што е потребно сега е навистина силен 18-ти пакет санкции на ЕУ против Русија. Клучните цели треба да бидат трговијата со нафта на Русија, нејзината флота танкери во сенка, руските банки и други финансиски инструменти, како и синџирите на снабдување што носат опрема или делови за производство на оружје“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

На фронтот продолжуваат борбите.