Штајнмаер: Постигнат е извесен напредок во решавање на кризата во Украина
Шефот на германската дипломатија Штајнмаер ги оцени разговорите како тешки, но истакна и дека е постигнат извесен напредок, без да даде дополнителни детали...

Министрите за надворешни работи на Русија, Украина, Германија и Франција на состанокот во Берлин посветен на украинската криза, се сложија дека главна цел останува постигнување на прекин на огнот во регионот.
Шефот на германската дипломатија Штајнмаер ги оцени разговорите како тешки, но истакна и дека е постигнат извесен напредок, без да даде дополнителни детали.
„Беше тешко, но мислам дека има прогрес. Се договоривме дека треба да ги известиме нашите влади за текот на преговорите, а утре ќе решаваме во кој правец ќе продолжат“, изјави шефот на германска дипломатија, Френк Валтер Штајнмаер.
Минстерот за надворешни работи на Украина пак смета дека за постигнување договор ќе бидат потребни уште неколку средби.
