Трговија
ЕУ подготвена за трговски договор со САД
27.06.2025 12:26
Урсула фон дер Лајен, уверува дека блокот е подготвен за договор со Вашингтон, но навести подготовки за контрамерки доколку не се исполни рокот до 9 јули. Според Брисел, сите опции се на маса...

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, уверува дека блокот е подготвен за договор со Вашингтон, но навести подготовки за контрамерки доколку не се исполни рокот до 9 јули. Според Брисел, сите опции се на маса.
Германскиот канцелар Мерц ги повика лидерите на ЕУ да постигнат брз трговски договор.
Загриженоста меѓу европските лидери расте откако Обединетото Кралство успеа да постигне поволен договор со Трамп, многу пред 27-члената Унија.
