Економија
Средба на министерот Бесар Дурмиши со в.д. амбасадорот на Катар
27.06.2025 11:43
Министерот за економија Дурмиши, денеска оствари средба со вршителот на должноста амбасадор на Државата Катар во Република Северна Македонија, Н.Е. Рашид Бин Саид Ал-Кајарин...

Министерот за економија и труд, г. Бесар Дурмиши, денеска оствари средба со вршителот на должноста амбасадор на Државата Катар во Република Северна Македонија, Н.Е. Рашид Бин Саид Ал-Кајарин.
Двајцата соговорници разговараа за натамошно унапредување на економските односи помеѓу двете земји. Посебен акцент беше ставен на продлабочување на соработката во областа на инвестициите, вработувањето и инфраструктурните проекти од заемен интерес.
