Втор уписен рок за полуматурантите во средните училишта
Полуматурантите кои на првото пријавување во јуни пред десет дена не се запишаа во средно образование за учебната 2025/2026, ќе имаат втора можност за упис на второто електронско пријавување овој месец – в понеделник...

Полуматурантите кои на првото пријавување во јуни пред десет дена не се запишаа во средно образование за учебната 2025/2026, ќе имаат втора можност за упис на второто електронско пријавување овој месец – в понеделник, 30 јуни. Потребната документација до училиштата ќе се доставува наредниот ден (1 јули), а ранг-листата на запишани ученици ќе биде објавена на 2 јули до 12 часот.
Според податоците на Министерството за образование и наука собрани од училиштата, за второто јунско пријавување има слободни 16.034 места за упис на ученици – 10.758 за настава на македонски јазик, 4781 на албански наставен јазик, 474 на турски и 21 слободно место за настава на српски јазик. За гимназиско образование има 3.727 слободни места и 12.307 за стручно образование.
