Бугарија
Бугарија доби зелено светло од ЕУ, од 1 јануари 2026 го воведува еврото
27.06.2025 20:43
Бугарија доби зелено светло од лидерите на Европската Унија да ја користи заедничката валута евро од први јануари 2026 година...

Бугарија доби зелено светло од лидерите на Европската Унија да ја користи заедничката валута евро од први јануари 2026 година. Софија станува 21-ва членка на еврозоната.
Критериумите за пристапување во еврозоната, покрај релативно ниските и стабилни стапки на инфлација, вклучуваат и стабилност на цените, здрави јавни финансии и стабилни девизни курсеви.
Воведувањето на еврото во Бугарија беше проследено со масовни антиевропски протести.
