Финансии

На 2 јули почнува собраниската расправа за ребалансот на Буџетот

27.06.2025 12:46

Со ребалансот, што Владата го усвои на 19 јуни, вкупните приходи се проектирани на 362,4 милијарди денари, а капиталните расходи на 47,5 милијарди денари.

Собранието на 2 јули ќе започне расправа по Предлог-ребалансот на Буџетот за 2025 година на седницата на Комисијата за финансирање и буџет.

Со ребалансот, што Владата го усвои на 19 јуни, вкупните приходи се проектирани на 362,4 милијарди денари, а капиталните расходи на 47,5 милијарди денари. Бруто домашниот производ (БДП) останува проектиран на 3,7%, додека инфлацијата се очекува да се стабилизира на 2,8%. Буџетскиот дефицит останува на исто ниво – 41,3 милијарди денари, односно 4% од БДП.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска истакна дека со ребалансот се потврдува континуитетот на фискалната политика, со цел одржување на макроекономската стабилност и намалување на јавниот долг, кој е веќе намален за 36 милиони евра во првиот квартал од 2025 година.