Муцунски: Софија користи опасен наратив, Македонија нема да отстапи од црвените линии
Министерот Муцунски дециден- Софија користи опасен наратив, а земјава не преговара за јазикот и идентитетските прашања …

Јазикот, идентитетските прашања не се на преговарачка маса. Македонија нема да отстапи од црвените линии. Министерот за надворешни работи Муцунски вели дека вистината која ја говори Владата, не е говор на омраза. Тој повика на рационалност и свест кај бугарскиот државен врв.
„Ние сакаме пат напред кон ЕУ. Да дискутираме за компромис, но сакаме да дискутираме и за предвидливост односно гаранции по хипотетичко согласување за некој компромис. Затоа велиме имаме неколку многу јасни црвени линии од кои нема да отстапиме. Тие се поврзани со примарно со јазикот, со идентитетските обележја, тука вклучувајќи ја потребата од афирмација на нашето културолошко и историско минато“, изјави шефот на дипломатијата, Муцунски.
Ставот на Муцунски доаѓа по вчерашната средба на бугарскиот премиер Жељазков со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, на која тој се пожали за говор на омраза од македонските власти.
Ирина Гелевска ја следеше прес-конференцијата во МНР.
