Вимблдон: Ѓоковиќ против Милер, Алкараз со Фоњини
Актуелниот шампион Карлос Алкараз ќе ја започне одбраната на титулата против Италијанецот Фабио Фоњини, додека светскиот број 1, Јаник Синер, ќе игра со својот сонародник Лука Нарди.

Новак Ѓоковиќ, рекордер по број на грен слем титули, ќе се сретне со Французинот Александар Милер (АТП-40) во првото коло на Вимблдон, одлучи денешната жрепка во Лондон. Ако победи, во второто коло ќе го чека победникот од мечот меѓу Британците Џеј Кларк и Ден Еванс.
Актуелниот шампион Карлос Алкараз ќе ја започне одбраната на титулата против Италијанецот Фабио Фоњини, додека светскиот број 1, Јаник Синер, ќе игра со својот сонародник Лука Нарди.
Кај дамите, ланската победничка Барбора Крејчикова ќе игра против Александра Еала од Филипини на стартот на турнирот.