Кампања „Има живот без насилство“
Министерството за социјална политика, демографија и млади организираше настан како дел од комуникациската стратегија и кампања-„Има живот без насилство“ фокусирана на подигнување на јавната свест за родово базирано насилство врз жените...

Ја тепал со чадор па ја давел. 54-годишно лице во алкохолизирана состојба телесно ја повредило својата сопруга. Полни се полициските билтени. Не поминува ден без семејно насилство. Но насилниците не живеат на пуст остров. Сè додека си велиме, бегај од бељата, не сакам да се мешам, ние сме одговорни за овие состојби.
Доста е, порачуваат од ресорното министерство. Насилството не е приватна работа. Не треба да молчиме треба да пријавуваме. Министерот Лимани со порака-има помош има надеж.
Секоја петта жена живее во страв, таа е наша ќерка, сестра, мајка, сопруга и тоа не смее да се толерира, порачаа од меѓународните институции.
Во оваа прилика беше промовирано видео за кампањата има живот без насилство, фокусирана на подигнување на јавната свест за родово базирано насилство врз жените.
Фиљана Кока
