Финансии

Крај за фантом фирмите, се воведува системот за е-фактура

27.06.2025 17:04

Овој систем значително ќе го олесни работењето за компаниите, односно ќе нема печатење, испраќање или чување хартиени фактури.

Крај за фантом-фирмите и луѓето кои испумпувале стотици милиони евра од државниот буџет. Управата на јавни приходи од 1 јули воведува нов систем за електронска фактура, што на компаниите ќе им овозможи поефикасна работа. Овој систем значително ќе го олесни работењето за компаниите, односно ќе нема печатење, испраќање или чување хартиени фактури.

Со новите кои ќе се воведат, секоја безготовинска трансакција ќе биде евидентирана и контролирана во реално време. Министерката за финансии уверува дека овој систем е од огромно значење за борбата против сивата економија.

Директорката на УЈП, Елена Петрова, нагласи дека овој систем на сопствениците на бизниси од една страна ќе им овозможи поголема контрола, а од друга страна одговорност. Бидејќи секоја фактура ќе има електронска трага.

Пилот-фазата стартува од 1 јануари, а задолжителната примена се очекува во третиот квартал од идната година. Новиот систем овозможува фактурите да пристигнуваат во истиот момент, по нејзиното издавање.

Борис Грујоски