Економија
Најавена нова инвестиција во индустриската зона во Штип
27.06.2025 19:52
Станува збор за фабрика која ќе вработи до 150 луѓе и ќе инвестира околу 36 милиони евра. Се работи за фабрика за производство на батерии, која е по потекло од земја од Европската Унија...

На есен се очекува да биде поставен камен-темелник на новата инвестиција во индустриската зона во Штип, потврди премиерот Мицкоски.
Како што напомена, станува збор за фабрика која ќе вработи до 150 луѓе и ќе инвестира околу 36 милиони евра. Се работи за фабрика за производство на батерии, која е по потекло од земја од Европската Унија.
Договорот ќе биде потпишан наскоро.
