Локални избори

Партиите се престројуваат пред изборната трка

27.06.2025 16:41

Локалните избори се ближат, партиите во полн ек со подготовки. Коалицијата „Вреди“ е стабилна, уверува министерот за добро владеење Фетаи, кој не замина со Таравари и одлучи да остане во владејачкото мнозинство.

Вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи, кој остана во Владата, откако министерот за здравство Арбен Таравари ја напушти власта, вели дека односите во владината коалиција се одлични. Фетаи потенцира дека и соработката во рамките на коалицијата „Вреди“ исто така функционира на највисоко ниво.

Премиерот Мицкоски открива дека за десетина дена на седница на Извршниот комитет на партијата ќе ги објават сите кандидати за градоначалници на коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Според него на денот на изборите ќе покаже дали јазот меѓу власта и опозицијата се продлабочува, и дали опозицијата може да освои повеќе гласови на локалните избори.

Партнерите во власта, од движењето „Знам“ велат дека со ВМРО-ДПМНЕ имаа одлучна соработка на ниво на работни групи за соработка за градоначалници во поодделни општини, но со коалицијата „Вреди“ немаат разговори по однос на ова прашање.

Во коалицијата „Вреди“ потврдија дека на локалните избори ќе соработуваат и со ВМРО-ДПМНЕ во поодделни општини, каде што кој било кандидат од двете коалиции ќе има поголеми шанси да победи особено во вториот круг на изборите.

Од крилото на Зијадин Села на Алијанса на Албанците коментираат за можната опција дел од кандидатите на „Вреди“, според нив да одлучат да не се кандидираат под логото на „Вреди“.

„Тоа покажува дека идентификацијата со овој субјект се доживува како политичка тежина, како неизбежна врска со политичките на потчинетост кон ВМРО и со неисполнување на ветувањата и очекувањата на граѓаните“, велат од Алијанса на Албанците на Зијадин Села.

Досега ВМРО-ДПМНЕ објави 33 кандидати за градоначалници, СДСМ 18 личности кои ќе влезат во изборната трка. Партиите на македонските Албанци сè уште го сондираат теренот и прават комбинаторики.

 

Игор Панов