Здравство

Топлотниот бран ги наполни дежурните амбуланти, брзата помош дневно со над 200 повици

27.06.2025 17:54

Колапси на отворено, ноќе полни дежурни амбуланти, топлотниот бран мака создава 24 часа. Брзата помош дневно со над 200 повици и повеќе од 80 интервенции...

Колапси на отворено, ноќе полни дежурни амбуланти, топлотниот бран мака создава 24 часа, посебно на оние со хронични заболувања.

На граѓаните не им е добро ниту во вечерните часови бидејќи терапијата што ја земаат понекогаш не дава резултат, главоболка или висок крвен притисок, па тогаш помош бараат во дежурните амбуланти во поликлиниките.

Опструкции од алергиите неретко се причина поради кои се одело на лекар во доцните вечерни часови.

Но, и кога не можеле да се поднесе болката од изгореници на кожата поради подолг престој на сонце, се посетувал доктор. Поради одредени акутни состојби дежурните лекари, помош бараат и од нивните колеги од брза помош.

200 повици за совет има во итната помош за 24 часа. Околу 50 интервенции имаат во денските смени, ноќе бројот се движи околу 30.

Наташа Јанчиќ-Менковски