Образование

Слободни над 16.000 места во средните училишта

27.06.2025 17:29

Од предвидените 28.000 места, во првиот упис се пријавени 16.601 ученик, а своето столче го обезбедиле 13.712 ученици. Од нив над 4.000 во гимназија, а над 9.000 во стручно образование, велат од Министерство за образование...

Слободни над 16.000 места во средните училишта за упис. Од гимназиите велат портите се отворени за идните средношколци. Оние кои на првиот уписен рок не се запишаа, имаат втора можност преку второто електронско пријавување во понеделник.

Од предвидените 28.000 места, во првиот упис се пријавени 16.601 ученик, а своето столче го обезбедиле 13.712 ученици. Од нив над 4.000 во гимназија, а над 9.000 во стручно образование, велат од Министерство за образование.

Документацијата ќе се доставува на 1 јули, а конечните ранг листи со примени ученици ќе бидат објавени на 2 јули до 12 часот.

Квалификациско тестирање ќе се организира во училиштата за средно образование на 4 јули, а резултатите ќе се објават истиот ден на огласната табла на училиштето. Оние ученици кои нема да се запишат ниту во јунскиот рок ќе имаат последна шанса во август, кога електронското пријавување ќе се спроведе на 21 август, а конечните ранг-листи ќе бидат објавени следниот ден, на 22 август.

Ана Јосифоска