Временска прогноза

Сончево со умерен до засилен северен ветер

28.06.2025 09:01

Ќе дува умерен до засилен ветер (локално над 70 км/ч.) од северен правец и максимална дневна температура до 36 Целзиусови степени...

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер (локално над 70 км/ч.) од северен правец и максимална дневна температура до 36 Целзиусови степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена локална облачност и со умерен до засилен северен ветер.

Максималната дневна температура ќе изнесува 34 степени Целзиусови.