Сообраќајот на патиштата се одвива непречено

28.06.2025 09:28

На ГП Табановце утрово се чека околу 30 минути, додека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира Автомото сојузот на Македонија.

На граничниот премин Табановце утрово се чека околу 30 минути, додека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира Автомото сојузот на Македонија. Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен.

Сообраќајот на патиштата се одвива непречено, по претежно влажни коловози.