Протест за Видовден во Белград
Владата најави централна прослава за одбележување на српскиот празник Видовден во Крушевац, а студентите во блокада собир за попладне најавија протест во Белград...

За денеска во Србија се најавени два големи собира. Владата најави централна прослава за одбележување на српскиот празник Видовден во Крушевац, а студентите во блокада собир за попладне најавија протест во Белград.
Во пресрет протестот, тие доставија два ултиматуми до владата на Србија – распишување вонредни парламентарни избори и прекин на собирот во Пионерски парк кои бараат да бидат исполнети до 21 часот.
Во отворено писмо до владата, тие наведоа дека на протестот во Белград се очекува присуство на „голем број незадоволни граѓани“, како и дека не можат да ги предвидат понатамошните чекори на граѓаните по официјалното завршување на митингот.
Вучиќ ги одби барањата на студентите, велејќи дека не прифаќа ултиматуми.
