Интеграции

Лидерска средба ЕУ - Западен Балкан

28.06.2025 11:24

Марта Кос в понеделник доаѓа во Скопје. Таа ќе присуствува на лидерската средба ЕУ – Западен Балкан што ќе се одржи во Македонија, а е посветена на планот за раст...

Еврокомесарката за соседска политика и проширување, Марта Кос в понеделник доаѓа во Скопје. Таа ќе присуствува на лидерската средба ЕУ – Западен Балкан што ќе се одржи во Македонија, а е посветена на планот за раст.

Како што соопшти нашата влада, Кос и премиерот, Христијан Мицкоски прво ќе имаат тет-а-тет средба, по што ќе следува билатерален состанок со проширени делегации. Во вторник, пак, ќе има официјален пречек за лидерите од Западен Балкан, по што ќе се одржат состаноците, а Мицкоски и Кос ќе имаат заедничка прес-конференција. 

Во фокусот на лидерската средба е планот за раст на Западен Балкан и конкретните механизми за негово спроведување.