Македонија

Муцунски за донесените одлуки на Самитот во Хаг

28.06.2025 14:17

„Вложувањето во одбрана не е само за тврда одбрана, туку и за инвестиции во индустриската база, инфраструктурата, сајбер-отпорноста“, посочува Муцунски...

Одлуките донесени на Самитот на НАТО во Хаг ќе имаат позитивни историски последици за идните генерации, вели шефот на дипломатијата, Тимчо Муцунски во интервју за Атлантскиот совет. според него, без водството на администрацијата на Трамп, никогаш не се донеле овие тешки одлуки.

„Вложувањето во одбрана не е само за тврда одбрана, туку и за инвестиции во индустриската база, инфраструктурата, сајбер-отпорноста“, посочува Муцунски, кој вели дека Македонија веќе планира како да го достигне прагот од 5% од БДП за одбрана.