финансии

Се чекаат банкарските понуди за брзата пруга

28.06.2025 14:45

Министерството за финансии го чека одговорот од банките за брзата пруга на Коридорот 10. Заинтересираните имаат уште 10-ина дена за анализа и доставување на понудите.

До седми јули банките треба да достават понуди за финансирање на изградбата на брзата пруга од Коридорот 10. Од Министерството за финансии испратиле барања до 24 банки. Министерката тврди дека има голем интерес, но поради комплексноста на проектот, банките побарале уште неколку дена за анализа. Проектот предизвик и за домашната градежна оператива. Димитроска-Кочоска имала средба со претставници на градежниците, кои изразиле подготвеност да учествуваат во проектот што треба да биде инјекција за економијата.

Со ребалансот на буџетот кој ќе се најде пред пратениците на втори јули, се најавува зголемување на септемвриските пензии. Останува одлуката за процентуално зголемување.

Од сработеното изминатава година министерката за финансии го потенцираше намалувањето на буџетскиот дефицит и јавниот долг, враќањето на еврообврзницата од 500 милиони евра, како и намалувањето на инфлацијата.

 

Александра Велинова