Филм

„Деца на сонцето“ цели на светски успеси

18.08.2014 11:16

Работен само за публиката, едноставен, со јасна содржина и сценографија која го одзема здивот. „Деца на сонцето“ на Митриќески, наесен, премиерно и пред домашната публика. МТВ разговараше со американскиот дистрибутер кој го откупи филмот- прогнозира дека „Деца на Сонцето“ ќе има интересно движење на светскиот пазар...

Необична приказна раскажна на многу оригинален и уникатен начин. Ќе има добар успех на пазарот, прогнозира дистрибутерот од Америка кој на Канскиот фестивал во Франција го купи филмот „Деца на сонцето“. Вели дека веќе има планови за него. Верува дека „Деца на сонцето“ ќе има доста инетресно движење на светскиот пазар и мисли дека овој филм го заслужува тоа.

„Има неколку важни чекори што треба да се превземат сега. Прво, филмот ќе го претставиме на неколку различни пазари, ќе одиме во Торонто, во Кан и во Калифорнија во ноември годинава. Верувам дека сите овие воведи во пазарите што ги споменав ќе бидат значајни за филмот, но мислам најважен пазар за филмот ќе биде Европскиот филмски пазар во Берлин, во февруари 2015. Таму не само што ќе го прикажуваат филмот, туку мислам дека ќе дојдат и многу европски софистицирани купувачи“, вели дистрибутерот Игор Принц.

„Деца на сонцето“ е работен за да биде само за публиката, едноставен со јасна приказна, вели режисерот Антонио Митриќески. Полна сала на Канскиот фестивал во  Франција каде беше промовиран. Публиката воодушевена. А својата премиера во Македонија ќе ја доживее во септември. За склучениот договор со американскиот дистрибутер Митриќески смета дека се виновни две работ.

„Едната е јаснотијата на приказната, приказната е многу чиста, јасна и бргу се гледа. А втората причина е што глумците се навистина добри, тоа се пред се македонски глумци. Има страс, има драма има емоција во нив, има љубов. Должината е идеална саат и 45 минути. Мислам дека тие две причини се главните причини што беше купен филмот“, објаснува режисерот Антонио Митриќески.

„Деца на сонцето“ почнува и завршува со песната на Влатко Стефановски која најубаво го раскажува филмот, додава режисерот Митриќески.

 

Ана Јосифоска- Тодоровска