Забележан раст на цените
Цените на производите во маркетите повторно одат нагоре. Граѓаните се жалат, од Пазарниот инспекторат потврдуваат дека има зголемувања во малопродажбата. Извршени се проверки на повеќе од 100 субјекти.

Од 3 до 5 проценти зголемување на цените на најосновните производи. Кај хемиските производи, производите за лична хигиена, пелените, бебешката храна има раст и до 20 насто. Граѓаните се жалат, велат, цените се високи за нашиот стандард.
Државниот пазарен инспекторат контролирал над 100 правни субјекти, односно над 1.000 продажни места. И оттаму потврдуваат дека има раст на цените во малопродажба, додека во големопродажба тие се враќаат на нивото од пред мерките. Намалување на маржите, ДПИ регистрира кај овошјето и зеленчукот.
Анализата на Државниот пазарен инспекторат, направена пред десетина дена, е доставена до Министерството за економија и труд.
Од Министерството за економија најавија дека во завршна фаза е изработка на официјална потрошувачка кошничка за четиричлено семејство, истата треба да ја разгледа Економско-социјалниот совет пред да ја објави во јавноста.
Ана Јосифовска
