Турција

Николоски на средба со бугарскиот колега Караџов

28.06.2025 18:09

Александар Николоски во Истанбул имаше средба со неговиот бугарски колега, Гроздан Караџов. Во фокусот на разговорите, железничкиот и патниот Коридор 8. ..

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски во Истанбул имаше средба со неговиот бугарски колега, Гроздан Караџов. Во фокусот на разговорите, железничкиот и патниот Коридор 8. 

„Двајцата соговорници се согласија дека овој проект има регионална димензија, каде покрај економското значење, се наметнува и прашањето за стратешкото позиционирање на НАТО алијансата преку поврзување на јадранско и Црно Море“, велат од Министерството за транспорт. 

Николоски и Караџов ќе имаат нова средба за да се постигне согласност за изградбата на заедничкиот тунел што треба да ги поврзе Македонија и Бугарија со железничка врска.